Полскиот голман Војчех Шчесни пред неколку недели го напушти Јувентус, а сега објави крај на кариерата на 34 години. Тој заминува во пензија со 11 трофеи во кариерата и тоа три во Серија А, три во Купот на Италија, два во ФА купот, два во италијанскиот Суперкуп и еден Комјунити шилд.
Шчесни ја почна кариерата во Арсенал, играше како позајмен една сезона во Брентфорд и уште две во Рома. Во 2017 година премина во Јувентус каде што остана до оваа година кога си замина по истечениот договор.
За Полска има 84 настапи.