Нов играч во подновениот Јувентус. Поранешниот шампион на Италија се пофали со реализираниот трансфер на 21-годишниот крилен играч Франциско Консеисао. Тој доаѓа на позајмица од Порто за 7 милиони евра плус 3 милиони во бонуси.
Консеисао беше дел од португалската репрезентација на ЕП 2024 година и постигна еден гол.
Франциско е син на поранешниот португалски репрезентативец Серџо Консеисао.
А Јувентус не застанува тука. На ред е да го реализира долгонајавуваниот трансфер на Теун Копмајнерс од Аталанта.