Деби од соништата: Барселона го слави Дани Олмо!

567

Какво деби на Дани Олмо? Не само што дебитираше во дресот на Барселона, влезе во 46.минута, туку постигна гол во 82.минута за победа на каталонскиот гигант на гости кај Рајо Ваљекано со 1:2. Ете зошто се чекаше Дани Олмо кој веднаш покажа дека ќе биде супер, мега засилување за тимот на стратегот Ханси Флик.

Па така Барса и во третиот меч од новата сезона во Ла Лига дојде до третата победа и сите со по 2:1 и со тоа има максимални девет бода.

А не беше така лесно за Барса, напротив.

Домашниот тим на Рајо уште во 9.минута поведе со 1:0 со голот на Лопез. Педри во 60.минута израмни на 1:1, потоа Левандовски постигна гол за водство, но истиот беше поништен.

И тогаш во 82.минута по додавањето на Ламине Јамал, Олмо стрелаше за 1:2, за победа.

До крајот Рајо имаше шанси за израмнување, но сепак Барса се спасуваше и успеа да дојде до три од три.

Ако Дани Олмо дебитираше со гол за Барса, тогаш Хамес Родригез не беше во составот на Рајо.

Конечно, по шест години Барса победува на гости кај Рајо.

ПретходноУС Опен: Синер го загуби првиот сет, па после го декласира МекДоналд!
СледноЕванс и Хачанов го одиграа најдолгиот меч на УС Опен