Како што денеска информираат од КК Игокеа, нашиот млад и екстра талентиран кошаркар Марко Луканоски е нов член на јуниорскиот тим на овој клуб од БиХ. Тој со Игокеа потпишал повеќегодишен договор.
Станува збор за кошаркар висок 209 см, кој има 18 години и беше дел од М18 репрезантацијата на Македонија на последното ЕП кое се одржа во Скопје.
Луканоски во минатата сезона го носеше дресот на КК Вардар. Во минатото овој кошаркар беше дел од младинските екипи на Партизан (Србија) и Оранж 1 и Басано (Италија).