Вечерва се одиграа три реванш средби од плеј – офот во ЛШ. Познати се и трите патници во ова најквалитетно европско натпреварување. Инаку ждрепката за новата сезона која се игра во нов формат, е закажана за во четврток.
Спарта Прага која на свој терен славеше против Малме со 2:0, па така со вкупни 4:0 успеа да дојде до голем успех.
Салцбург и Динамо Киев одиграа 1:1, но пресуди првиот меч кога тогаш како гостин славеше тимот од Австрија со 0:2 па така со вкупни 3:1 се пласира во ЛШ.
Јанг Бојс на гости кај Галатасарај, каде беше најжешко, успеа со 0:1 да слави и со вкупни 2:4 да оди во Лигата на Шампионите.