Статистика: Онана е најлошиот голман кој некогаш бранел за Манчестер Ј.

439

Иако минатата сезона беше доведен како големо засилување меѓу стативите, Андре Онана статистички е еден од најслабите голмани кои низ историјата бранеле за англискиот великан Манчестер Ј.

Според последните статистички податоци, Камерунецот досега прими 60 гола на 40 натпревари во Премиер лигата, што е своевиден антирекорд за голманите на Манчестер Јунајтед.

28-годишниот Онана прими 2 гола на натпреварот од 2. коло од Премиер лигата со Брајтон (1:2) со што заедно со головите кои ги прими минатата сезона, стигна до бројката од 60 гола во сопствената мрежа што го прави најлошиот голман од кој било кој досега во историјата бранел за клубот во први 40 натпревари во Премиер лигата.

ПретходноШкрињар пред потпис со Ал Наср
СледноНовак се израмни со Федерер и лесно обезбеди место во 2. коло на УС Опен