По малку изненадувачки, но вистина е. Федерико Киеза, досегашниот напаѓач на Јувентус својата кариера ќе ја продолжи во Ливерпул. Ова го потврдува Фабрицио Романо како и медиумите во Италија кои му земаа изјава на Киеза на аеродромот по што тој отпатува за Англија.
Самиот Киеза посочи дека е подготвен за нова авантура.
Инаку Ливерпул на Јувентус ќе му исплати 13 милиони фунти. Кога сме кај Киеза неговото име се поврзуваше и со трансфер во Барселона.