По се она што се случи синоќа на мечот Рајо Ваљекано – Барселона, кога Дани Олмо дебитираше со гол и му донесе победа на тимот од Каталонија, денеска топ тема на муабет во фудбалските кругови е токму офанзивецот на Барса.
Сепак се знае на каков начин, во најмала рака контроверзен, Олмо беше регистриран.
Тоа наиде на реакција на оние кои што навиваат за Реал Мадрид, а такво прашање, што мисли за регистрацијата на Олмо, имаше денеска на пресот и за Карло Анчелоти, стратегот на “кралевите“ кој уште еднаш покажа каков господин е:
„Тоа прашање морате да го поставите до раководството на Ла Лига. Ние во Реал Мадрид имаме респект и ги почитуваме сите играчи и сите клубови“ одововори Анчелоти.
Да беше некој друг, како Мурињо на пример, ќе имаше “плачки“ и беседи на пресот, ама Дон Карло покажа уште еднаш како господин е, каков голем спортсмен е.