Она што се најавуваше и се оствари. Љупчо Малинков повторно е тренер на Гостивар. Kaвадаречкиот стратег по пауза од една година се врати на клупата на гостиварци и ќе биде шеф на струката во овој кошаркарски клуб.
Инаку Малинков беше во Гостивар до пред една година, потоа беше стратегна Академија ФМП, претходно го водеше и Еуро Никел.
Инаку во меѓувреме Гостивар се засили со Србинот Марко Грушановиќ, потоа Американецот Ксавиер Родес а го продолжи договорот со Максим Митевски.