Манчестер Јунајтед ја доби понудата за трансфер за еден од поискусните дефанзивци на Челзи, Бен Чилвел.
Одбрандбениот играч на лондончани им бил понуден на Манчестер Јунајтед бидејќи тренерот на „сините“ Енцо Мареска не смета на него.
Манчестер Јунајтед веднаш ја одбил понудата, истакнувајќи дека не им е потребен во тимор. Сепак, „црвените ѓаволи“ остануваат во преговори со Челзи, но за потписот на Рахим Стерлинг. Новиот спортски директор на Манчестер Ј. сака да го види 29-годишниот крилен напаѓач во тимот, но засега не успева да ја договори вистинската цената на трансферот.