Не успеа да заздрави по страшната повреда и објави пензија

3944

Крис Башам, дефанзивецот на Шефилд Јунајтед објави дека се повлекува од професионалното играње на фудбал на 36 години. Неговата желба беше да продолжи меѓутоа му стана јасно дека нема да може да го направи тоа бидејќи не успеа да заздрави по страшната повреда на мечот со Фулам минатиот октомври.
На тој меч тој ја скрши ногата, а не успеа комплетно да се рехабилитира па по совет на лекарите одлучи да се повлече од фудбалот.

Башам ја почна кариерата во Болтон, играше за Блекпул, на позајмици во Стафорд и Рочдејл и дури 10 години за Шефилд Јунајтед.

ПретходноИнтересно: Барселона отвори нова мега продавница – и тоа во Мадрид!
СледноШкендија се раздели со Красниќи!