Ал Ахли ја зголеми понудата за Осимен

430

Ал Ахли не се откажува од потписот на нигерискиот голгетер во дресот на Наполи, Виктор Осимен.

Според новинарот Џанлука Ди Марцио, во последните часови Саудијците ја зголемиле претходната понуда од 70 милиони евра за Осимен.

Покрај тоа, Ал Ахли ги подобрил и финансиските услови за самиот играч, а напаѓачот наводно изразил подготвеност да се пресели во саудискиот клуб.

Во исто време, играчот и неговиот агент разгледуваат и неколку други опции и понуди.

ПретходноЛШ: Црвена Звезда обезбеди место во главната фаза заедно со Лил и Слован (Б)
СледноФараните го објавија составот за Македонија, во списокот и Едмундсон од Шкупи