Арсенал вечерва ги продаде Никетиа и Рамсдејл

986

Централниот напаѓач на Арсенал и на репрезентацијата на Англија, Еди Нкетиа, влезе во последната фаза од потпишувањето на договорот со Кристал Палас. Ова го објави инсајдерот Фабрицио Романо.

Раководствата на двата клуба постигнле договор за трансфер на 25-годишниот напаѓач. Зделката е вредна 30 милиони фунти, вклучувајќи ги сите дополнителни плаќања. Според Романо, напаѓачот веќе е на медицински преглед во Лондон.

Вечерва Романо објави и реализација на уште еден трансфер на фудбалер на Арсенал. Овој пат станува збор за голманот Арон Рамсдејл. Тој, тврди Романо, ќе биде нов чувар на мрежата на повратникот во Премиерлигата, екипата на Саутемптон.

Сумата на трансферот ќе биде околу 25 милиони фунти.

ПретходноБаер (Л) со тесна победа над четвртолигаш ја почна одбраната на куп-титулата (ВИДЕО)
СледноВо Париз свечено отворени и Параолимписките игри 2024 (ВИДЕО)