Вилијамс го смени возачот кој го уништи болидот во Холандија

220

Тимот на Вилијамс објави дека Логан Сарџент е заменет со друг возач за остатокот од сезоната во Формула 1. Од Вилијамс се разочарани од настапите на Сарџент сезонава, а кулминацијата беше Холандија кога на тренингот се заби во заштитниот ѕид и го уништи болидот.
Па така Вилијамс ја има неговата замена, а тоа е Франко Колапинто. 21-годишниот возач ќе биде 49-тиот Гран при возач на Вилијамс рејстинг од 1977 година. Тој е и првиот Аргентинец во Ф1 по 23 години.
Колапинто сезонава одработе тренинг на Британското ГП, а оваа сезона се натпреваруваше во Формула 2 победувајќи во Имола и имаше подиуми во Шпанија и Австрија.

ПретходноТурски репрезентативец во Брајтон
СледноМуслера клоцна противнички напаѓач и направи мешаница