Втор пораз во квалификациите: Грција пресилна за нашите одбојкарки

264

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија го претрпе и вториот пораз во квалификациите за ЕП 2026. Вечерва на гостувањето во Солун против селекцијата на Грција, избраничките на селекторот Стефан Пауновиќ беа убедливо поразени од домашната селекција со 3:0.

ГРЦИЈА – МАКЕДОНИЈА   3:0 (25-8, 25-14, 25-11)

Поразот и беше очекуван, но тоталната доминација на Грција во сите три сета и лошата партија на нашите одбојкарки на крајот на мечот му даде еден сосема поинаков изгледа. Македонија во грч го отвори мечот и во првиот сет успеавме да освоиме едвај 8 поени.

Работата малку мрдна во вториот сет, кој иако почна нешто слично како што заврши првиот, сепак до крајот успеавме да „украдеме“ по некој поен и да ја намалиме разликата до финални 25:14 за предност на домашните од 2:0.

Третиот сет го почнавме можеби и најдобро. Беше прилично израмнето во првата третина од сетот, иако Грција брзо се одлепи до плус четири (8:4). Сепак, во продолжението повторно паднавме во амбисот од првите два сета и на крајот успеавме да дојдеме само до 11 освоени поени за убедлив пораз.

Тамара Стојанова заврши како најдобар поентер во нашиот тим со 7 поени.

Следната година во овој период ќе ја пречекаме Грција дома, а ќе одиме на гости против Австрија.

ПретходноЛШ: Динамо (З) со нова победа над Карабах до место во главната фаза
СледноЛа Лига: Столе на клупа, Валенсија „тоне“, Леганес и натаму не знае за пораз