ЛШ: Динамо (З) со нова победа над Карабах до место во главната фаза

165

Хрватскиот шампион Динамо (З) по деветтипат во клупската историја обезбеди место во главната фаза од Лигата на шампионите. Тимот на нашите Стефан Ристовски и Аријан Адеми кои не беа во составот за вечерашниот меч во Азербејџан, и на вториот дуел со Карабах обезбедија победа, овој пат од 0:2.

Со вкупни 5:0, Динамо е една од последните четири европски екипи кои низ плеј-оф фазата ќе стигнат до новиот главен формат на најсилното европско клупско натпреварување. Вечерва во Азербејџан, хрватските шампиони поведоа со еден убав гол на Пјаца во 33. минута, додека со автоголот на Силва, домашните во 54. минута само го потврдија и вториот триумф на гостите.

Вечерва по 21 часот се играат и преостанатите три бараж реванши од кои ќе ги добиеме последните три учесници во главната фаза.

ПретходноКЛ: Партизан нема да ја види Европа и оваа сезона, Истанбул Б. обезбеди групна фаза (ВИДЕО)
СледноВтор пораз во квалификациите: Грција пресилна за нашите одбојкарки