Динамо Загреб на Стефан Ристовски и Аријан Адеми вечерва во Азербејџан оди по заверка на пласманот во главната фаза од Лигата на шампионите која од оваа сезона се игра во изменет формат. На првиот меч на „Максимир“ хрватскиот шампион победи со 3:0 и со огромна предност патува во Баку.
За Динамо нема да играат Перковиќ поради повреда на коленото, а неизвесни се Мохарами и Периќ. Од Хрватска стигнуваат вести дека по овој меч Мартин Батурина ќе биде продаден во Италија и тоа во Фиорентина.
Како и да е, пласманот во ЛШ би бил продолжување на успешните настапи во Европа.
А Црвена Звезда на свој терен ќе надополнува негатива (1:2) против Бодо/Глимт.
Инаку по вчерашните мечеви пласман во главната фаза изборија Јанг Бојс, Салцбург и Спарта Прага.
ВЕЧЕРВА ИГРААТ
КАРАБАХ – ДИНАМО ЗАГРЕБ 18:45 ч.
Прв меч: 0:3
ЦРВЕНА ЗВЕЗДА – БОДО/ГЛИМТ 21:00 ч.
Прв меч: 1:2
СЛАВИЈА ПРАГА – ЛИЛ 21:00 ч.
Прв меч: 0:2
СЛОВАН – МИТЈИЛАНД 21:00 ч.
Прв меч: 1:1