ЛШ: Црвена Звезда обезбеди место во главната фаза заедно со Лил и Слован (Б)

350

Црвена Звезда, Лил и Слован Братислава се последните тројца учесници цво новата сезона на Лигата на шампионите на УЕФА. На огромна радост на навивачите на белградските „црвено-бели“, Црвена Звезда по четвртипат се најде во главната фаза на најсилното европско клупско натпреварување, откако вечерва во реванш мечот од плеј-офот во ЛШ славеше со 2:0 над норвешки Бодо и ја надомести негативата од 2:1 од првиот меч на гости.

Головите за победа и пласман во главната фаза ги постигнаа Дуарте од пенал во 25. минута и Урош Спајиќ во 59. минута.

По ремито 1:1 на првиот меч во Данска, Слован Братислава вечерва на домашен терен со 3:2 го совлада Мидтјиланд и успеа да се најде во друштвото на најдобрите екипи во Европа. Предноста на домашниот терен не ја искористи Славија Прага, која иако го совлада Лил со 2:1 не успеа да ја надополни негативата од 0:2 од првиот меч во Франција, па така Лил ќе патува во главната фаза на ЛШ.

ПретходноВо Париз свечено отворени и Параолимписките игри 2024 (ВИДЕО)
СледноАл Ахли ја зголеми понудата за Осимен