Како што информира прес службата на Фудбалската федерација на Македонија, утре во 11 часот селекторот на нашата најдобра фудбалска репрезенрација Благоја Милевски ќе го објави списокот со играчи на кои ќе смета за мечевите со Ф. Острови и Ерменија во септемврискиот циклус. Тој потоа ќе одржи прес – конференција.
Не се очекува некои посебни изненадувања на списокот, иако тие не се исклучени, ако се знае ставот и начинот на работа на Милевски.
Познато е само дека повик деби – повик доби Кристијан Трапановски кој блеска во Данди Јунајтед.
Инаку Македонија се наоѓа во Ц сегментот во групата 4 каде покрај Ф. Острови и Ерменија, тука е и селекцијата на Летонија.
На 7 септември и гостуваме на Ф. Острови, овој меч е закажан за 15 часот, додека на 10 септември играме дома со Ерменија на Арената “Тодор Проески“ во Скопје со почеток од 20:45 часот.