По тешката повреда на Бернал: Барселона тргнува по Рабио!

409

И покрај победата над Рајо Ваљекано на гости со 1:2, и покрај супер дебито на Дани Олмо, синоќа на никого во Барселона не му беше до преголемо славје. Имено во самиот финиш на средбата, младиот Марк Бернал (17) заработи потешка повреда, кинење на вкрстените предни лигаменти и за него сезоната е завршена.

Јасно е дека стратегот Ханси Флик беше разочара зошто токму тој го форсираше младиот дефанзивен играч за врска на стартот од новата сезона на кого стручњаците му предвидуваа блескава иднина.

По се ова сега Барса мора да бара решение, а на повидок е трансферот на Адриен Рабио, некогашниот играч за врска на Јуве и стандарден репрезентативец на Франција.

Секако дека ако Барса успее да го донесе Французинот ќе направи одлична работа кога веќе цела една година нема да може да смета на тинејџерот Бернал.

ПретходноГотово е: Киеза е нов напаѓач на Ливерпул!
СледноЕве зошто Дон Карло е господин и голем спортсмен!