Салцбург се засили со уште еден играч на Ливерпул

225

Откако го донесоа играчот од средниот ред Боби Кларк, австрискиот шампион РБ Салцбург ќе донесат уште еден фудбалер од Ливерпул пред стартот на главната фаза во ЛШ. Според пишувањата на „Дејли меил“, нов играч на Салцбург ќе биде Стефан Бајчетиќ кој ќе дојде на позајмица на една сезона.
Тренер на Салцбург е Пеп Линдерс кој му беше асистент на Јирген Клоп во Ливерпул, па добро ги познава младите играчи на „црвените“ и сака дел од нив да ги има во својот тим.
19-годишниот Бајчетиќ беше интересен и за неговиот поранешен клуб Селта, но од тоа не излезе ништо. Минатата сезона поради повреда пропушти голем дел од мечевите.

ПретходноМалинков повторно на клупата на Гостивар!
СледноЦибона ќе има двајца главни тренери, едниот ќе го води тимот во првенството а другиот во АБА лигата!