Турски репрезентативец во Брајтон

109

Англискиот премиерлигаш Брајтон го потврди новото засилување, турскиот репрезентативец Ферди Кадиоглу. За овој трансфер Фенербахче ќе добие 33,5 милиони фунти што претставува најскап излезен трансфер во турската Супер лига.
Дефанзивецот потпиша договор на четири години, со опција да биде продолжен на уште една. Неофицијално, неговата плата ќе биде околу 2,5 милиони фунти по сезона.
Ферди е роден во Холандија, кариерата ја почнал во НЕЦ Нијмеген, а во 2018 година се пресели во Фенербахче. За овој клуб одигра 204 меча во сите натпреварувања.Иако настапуваше за младинските репрезентации на Холандија (од У16 до У21) продолжи за сениорите на Турција (20 настапи и еден гол).

ПретходноРебиќ се врати во Серија А
СледноВилијамс го смени возачот кој го уништи болидот во Холандија