УЕФА денеска и официјално ја претстави топката за новата сезона во Лигата на Шампионите. Брендот не се менува, тоа е јасно, тоа е Адидас а за квалитетот не се сомневаме ако се знае што УЕФА направи за да новиот формат на ЛШ биде во најдобро издание.
Инаку ждрепката за новата сезона со новиот формат, во кој ќе има 36 екипи во Лигата на Шампионите е утре од 18 часот.
Познато е дека нема веќе да има групна фаза туку тоа ќе биде Лига Шампиони во вистинска смисла на зборот.