Хари Кејн ја доби „Златната копачка“ за најдобар стрелец во Европа

125

Напаѓачот на Баерн Минхен и на Англија, Хари Кејн ја доби наградата „Златна копачка“ за најдобар стрелец во Европа. Кејн запиша 36 гола изминатата сезона во Бундес лигата, повеќе од секој друг фудбалер во Европа.
На него му беше врачена наградата на церемонија во Берлин.
Иако три пати беше најдобар стрелев во Премиер лигата, Кејн до сега никогаш не ја освоил оваа награда. Интересно, тоа му успеа во дебитантската сезона во Баерн и Бундес лигата.
Кејн се уште е без шампионски трофеј. Не успеа со Тотенхем во Премиер лигата, а не успеа ни со Баерн минатата сезона.
Инаку „Златната копачка“ како престижна награда, шест пати ја добил Лионел Меси, еднаш и македонската напаѓачка легенда Дарко Панчев во сезоната 1990/91.

ПретходноПотврдено: Ристе Јанков е нов голман на Тиквеш! (ФОТО)
СледноШкендија се засилува со некогашен играч на Шериф, Пушкаш…!