Цибона ќе има двајца главни тренери, едниот ќе го води тимот во првенството а другиот во АБА лигата!

566

Цибона некогаш, пред 40 години беше убедливо најдобриот клуб во Европа, двапати беше првак во тогашниот Куп на Шампионите. Ама во последните години падна на најниски гранки.

А од таму доаѓа и по малку една неверојатна вест за сите спортски фанови. Имено објавено е дека тимот во наредната сезона ќе има двајца тренери. Едниот ќе го води тимот во домашниот шампионат а другиот во АБА лигата.

Како ли ќе изгледа тоа, треба да се види во секој случај.

Бариша Красиќ, кој досега работеше како помошен тренер ќе биде шеф кога Цибона ќе игра на домашна сцена, додека Американецот Крис Томас ќе ја води екипата кога ќе игра во АБА лигата.

Ова го барал спонзорот. Чудно, но вистинито.

ПретходноСалцбург се засили со уште еден играч на Ливерпул
СледноРисте Наумов се приклучува во стручниот штаб на Брегалница!