Циркусот на Пикси на ЕП секако дека Влаховиќ нема да му го прости! (ВИДЕО)

628

Кога се очекуваше дека некои работи барем малку ќе се смират во репрезентацијата на Србија, посебно кога првиот човек на таа држава му ја даде довербата на најслабиот селектор во историјата на фудбалот, денеска нови “вриења“.

Имено Душан Влаховиќ на социјалните мрежи објави дека, поради семејни причини, на претстојните мечеви во септември, нема да биде со репрезентацијата. Всушност тој го одби повикот на Пикси.

По ова страстите во фудбалска Србија просто зовреа ако се знае дека дел од репрезентативците кои беа на ЕП сами се повлекоа од репрезенатцијата и тоа поради Пикси а дел тој ги “пречкрта“.

Ова со најголемата ѕвезда на Србија и еден од најдобрите фудбалери на Јувентус дојде како нешто (не)очекувано.

Се говори дека Влаховиќ нема намера да му го прости на Пикси она понижување или циркус кој овој го приреди пред мечот со Словенија, кога тој и Тадиќ од сајтот на УЕФА дознаа на еден час пред мечот дека не се во стартниот состав.

И тој Пикси сега има образ да го повикува Влаховиќ во репрезентацијата!

ПретходноМилевски утре ќе го објави списокот за дуелите со Ф. Острови и Ерменија во Лигата на Нации!
СледноДарвин Нуњез суспендиран на пет натпревари!