Шкендија се раздели со Красниќи!

167

Како што и официјално објавија од таборот на тетовскиот прволигаш, Ендрит Красниќи не е веќе член на Шкендија. Имено раководството на Шкендија и интернационалецот од Косово спогодбено го раскинаа договорот па така сега тетовци ќе мора да бараат некоја друга адекватна солуција ако се знае дека Красниќи важеше за еден од најдобрите фудбалери во тимот на стратегот Јетон Беќири.

Како што објаснуваат од Шкендија, Красниќи си заминал од семејни причини.

Секако дека Шкендија и јавно му се заблагодари на својот досегашен играч за ангажманот во изминатиот период додека Красниќи го носеше “црвено – црниот“ дрес.

ПретходноНе успеа да заздрави по страшната повреда и објави пензија
СледноУЕФА ја претстави топката за новата сезона во ЛШ! (ФОТО)