Шок за селекторот на Србија Драган Стојковиќ Пикси. Имено Душан Влаховиќ, најдобриот фудбалер на таа земја и ѕвезда на Јувентус го одби повикот на селекторот и нема да игра за својата земја во септември во Лигата на Нации против Шпанија и Данска.
Причините биле семејни, а еве што напиша Влаховиќ на социјалните мрежи:
“Денеска го информирав стручниот штаб дека поради семејни причини нема да можам да бидам со репрезентацијата за мечевите со Шпанија и Данска“.
Со ова Влаховиќ стави крај на сите шпекулации дека и тој како и неколку негови колеги не е задоволен од тоа како Пикси ја води селекцијатаи дека нема да игра за Србија додека Стојковиќ е селектор.
Според Влаховиќ причините се семејни.
Нешто најлесно за правдање.
А во фудбалска Србија па и во фудбалска Европа се шокирани од тоа дека Пикси и натаму е селектор на репрезентацијата на Србија.