Дарвин Нуњез суспендиран на пет натпревари!

583

Дарвин Нуњез, напаѓачот на Ливерпул, нема да може да игра за селекцијата на Уругвај на наредните пет натпревари. Дарвин е казнет од страна на Конмебол поради инцидентот за време на Копа Америка на мечот меѓу Уругвај и Колумбија.

Да потсетиме дека по мечот дојде до тепачка меѓу играчите и навивачите, а Дарвин Нуњез беше еден од главните тепачи.

Фудбалската федерација на Уругвај е казнета со 120.000 долари.

Покрај Нуњез казните ги добија и Родриго Бетанкур (4 меча), Матиас Оливера (3 меча), Роналд Араухо (3 меча) и Хосема Хименес (3 меча).

ПретходноЦиркусот на Пикси на ЕП секако дека Влаховиќ нема да му го прости! (ВИДЕО)
СледноМалинков повторно на клупата на Гостивар!