Изненадувања на УС Опен: Елиминација за Циципас и Оже-Алијасим

305

Стефанос Циципас и Фелкс Оже-Алијасим се елиминирани од УС Опен во првото коло. Циципас беше поразен од Австралиецот Танаси Кокинакис со 1-3 (6-7, 6-4, 3-6 и 5-7) додека Оже-Алијасим, кој е 19-ти носител, изгуби од 65-тиот тенисер на светот, Чехот Јакуб Менсик со убедливи 3-0 (6-2, 6-4 и 6-2).
Карлос Алкараз загуби еден сет но го победи Ли Ту од Австралија 6-2,4-6,6-3 и 6-1.
Стен Вавринка е изненаден од италијанскиот тенисер Матија Белучи кој славеше со 3-0 во сетови 6-4, 7-6,6-3.

Во женскиот дел, најдобрата тенисерка на светот Ига Швјонтек се пласира во второто коло. Полската тенисерка по 116 минути ја победи Камила Рахимова која во главниот ждреб влезе како „лаки-лузер“ со 6-4 и 7-6.
Елена Рибакина, поранешната шампионка на Вимблдон ја совлада Дестине Аива од Австралија со 6-1 и 7-6. Екс-шампионката од УС Опен, Наоми Осака ја победи Остапенко со 6-3 и 6-2.

ПретходноСензационално:Сезонски билет за мечевите од АБА лигата и по 10.000 долари!
СледноФудбалер на Национал почина четири дена откако колабрираше на терен