Белгрдаски Партизан и оваа сезона не успеа да се пласира во главната фаза на европските фудбалски купови. „Црно-белите“ денеска и вторпат беа поразени од екипата на Гент, идентично со 1:0 како и на првиот меч во Хумска.
Иако најавуваа дека ќе им вратат со иста мера на Белгијците за поразот на првиот меч, белграѓани не успеаја посериозно да му се заканат на белгискиот тим, кој одлуката за патот во главната рунда ја потврди со гол во второто полувреме.
За решавашкиот меч се чекаше до 88. минута. Топката од десната страна беше испратена до Делорж, кој имаше недозволиво голема количина на слободен простор на дваесетина метри од голот на црно-белите, биеше неодбранливо од далечина за 1:0.
🇪🇺 GOAL | Mathias Delorge | Gent 1-0 Partizan
Mathias Delorge hunts from outside!#GNTPAR #UECL
pic.twitter.com/KWrpq1Vyfn— Alden (@DontTry97) August 28, 2024
Покрај Гент, место во главната фаза на Конференциската лига на УЕФА обезбеди и турски Истанбул Башакшехир. По нерешените 0:0 на првиот меч во Ирска, Истанбул вечерва славеше дома над Ст. Патрикс со 2:0.