Ла Лига: Столе на клупа, Валенсија „тоне“, Леганес и натаму не знае за пораз

200

Трет пораз во серија за Валенсија, новиот клуб на нашиот репрезенттаивен голман Столе Димитриевски. Вечерва на гостувањето на „Сан Мамеш“ против Атлетик (Б), популарните „лилјаци“ загубија минимално со 1:0 од домаќинот Атлетик Билбао и со обој пораз практично се „заковаа“ на последното место на табелата во Ла Лига.

Голот за победа на домашните беше дело на Прадос Диаз во завршницата на првото полувреме. Димитриевски и на овој меч беше само на клупата за резерви и не доби шанса на голот на гостите, каде веќе очигледно се пали црвеното светло.

Во вториот меч кој заврши вечерва, екипата на Ваљадолид на домашен терен одигра 0:0 против екипата на Леганес. Гостите и по три кола се се уште непоразени и со 5 освоени бода се при самиот врв на табелата.

ПретходноВтор пораз во квалификациите: Грција пресилна за нашите одбојкарки
СледноБаер (Л) со тесна победа над четвртолигаш ја почна одбраната на куп-титулата (ВИДЕО)