Она што во неделата “СпортСпорт“ ексклузивно го најави, од денеска е и официјално. А тоа е дека Ристе Јанков (25) е нов голман на Тиквеш, на победникот во Купот на Македонија. Секако дека ова е екстра, ова е големо засилување за тимот на стратегот Ѓорѓи Мојсов ако се знае дека Јанков важи за еден од нашите најдобри голмани.
Инаку Јанков во минатата сезона бранеше за Брегалница, претходно беше член на Поли Јаши (Романија), Каспиј (Казахстан), како и за Работнички кој е негов матичен клуб.
Некогаш беше стандарден голман на сите наши младински селекции.