Шок за Пикси: Влаховиќ нема да игра за Србија во септември, причините биле семејни!

196

Шок за селекторот на Србија Драган Стојковиќ Пикси. Имено Душан Влаховиќ, најдобриот фудбалер на таа земја и ѕвезда на Јувентус го одби повикот на селекторот и нема да игра за својата земја во септември во Лигата на Нации против Шпанија и Данска.

Причините биле семејни, а еве што напиша Влаховиќ на социјалните мрежи:

Денеска го информирав стручниот штаб дека поради семејни причини нема да можам да бидам со репрезентацијата за мечевите со Шпанија и Данска“.

Со ова Влаховиќ стави крај на сите шпекулации дека и тој како и неколку негови колеги не е задоволен од тоа како Пикси ја води селекцијатаи дека нема да игра за Србија додека Стојковиќ е селектор.

Според Влаховиќ причините се семејни.

Нешто најлесно за правдање.

А во фудбалска Србија па и во фудбалска Европа се шокирани од тоа дека Пикси и натаму е селектор на репрезентацијата на Србија.

ПретходноЕве зошто Дон Карло е господин и голем спортсмен!
СледноМилевски утре ќе го објави списокот за дуелите со Ф. Острови и Ерменија во Лигата на Нации!