Арсенал најде замена за Рамсдејл, но Еспањол бара премногу пари

96

Екипата на Арсенал тргна во обид да доведе ново име на голманската позиција. Според медиумите, „топчиите“ сакаат да го ангажираат Жоан Гарсија од Еспањол.

Англискиот клуб доставил понуда за 23-годишниот голман, кој треба да го замени Рамсдејл кој ќе замине во екипата на Саутемптон. Арсенал е подготвен да му плати на Еспањол околу 20 милиони евра плус бонуси.

Шпанците не се согласуваат со понудата и бараат да се активира откупната клаузула од 30 милиони евра. Голманот веќе претходно ги договори условите на личниот договор со Арсенал.

ПретходноСРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: ГОРАН АНТИЌ ОД КУМАНОВО СТАНА МИЛИОНЕР ОСВОЈУВАЈЌИ 1.782.101 ДЕНАРИ
СледноГолемо признание за Србинот: Предраг Стојаковиќ примен во “Куќата на славните“ на ФИБА