Голем кикс на „Кралевите“ – одиграа реми со Лас Палмас

666

Екипата на Реал Мадрид не успеа да ги освои трите бода на гостувањето кај Лас Палмас во рамките на 3.коло на Ла Лига. Актуелниот шампион одигра само 1:1 што претставува голем кикс. И покрај тоа што играа Мбапе, Винисиус, Валверде, Модиќ… ниту еден од составот на Реал не успеа да го сврте резултатот и да ја донесе победата.
Лас Палмас поведе со гол на Молеиро во 5 минута. Изедначи Винисиус од пенал во 69 минута откако претходно еден играч на домашниот тим играше со рака.
Фудбалерите на Реал доминираа на теренот и се изнапромашуваа. На крајот мораа да се задоволат со еден бод. По три кола Реал има пет бода (една победа и две нерешени).
Лас Палмас го освои вториот бод сезонава.

ПретходноЧелзи изгуби од Сервет, но помина во групната фаза, Ларне од С.Ирска испиша историја
СледноШокантен пораз за Алкараз во 2. коло на УС Опен