По шокот кој вчера го приреди Душан Влаховиќ, кој заради “семејни причини“ го одби повикот на селекторот Драган Стојковиќ – Пикси и нема да игра за Србија во септември, денеска нов шок за тамошќната фудбалска јавност.
Имено Александар Митровиќ и Сергеј Милинковиќ – Савиќ нема да играат за Србија, демек биле повредени а вчера играа за својот Ал Хилал и тоа по 90.минути.
Секако без Влаховиќ, Митровиќ и СМС репрезентацијата на Србија ќе биде драстично ослабена за дуелите со Шпанија и Данска во Лигата на Нации.
Сега се поставува прашањето дали навистита овие тројца имаат семејни проблеми и се повредени или пак проблемот е во Пикси.
Изгледа дека е ова другото. Па кој фудбалер сака да се бламира ако на клупата го има овој селектор?Јасно е, никој.
Но, тоа е нивна работа. Пикси ја доби довербата од првиот човек на таа држава па нека игра сега без најдобрите репрезентативци.
Инаку Пикси истакна дека сите тројца му се јавиле и му објасниле во што е проблемот.
Сепак, тоа е општа клултура…