Подготвени за револуција: Македонија со четири претставници ја чека компјутерската ждрепката за ЛШ

240

Македонија со четворица претставници ја очекува попладневната ждрепка за новиот формат на натпреварување во најсилното европско клупско натпреварување – УЕФА Лигата на шампионите.

Бојан Миовски со својата нова екипа Џирона, Адеми и Стефан Ристовски со Динамо (З) и Елиф Елмас со РБ Лајпциг ќе имаат шанса да ја претставуваат и Македонија во европската фудбалска елита оваа есен.

Денеска (18 ч.) не очекува ждрепката со нешто сосема поинакво од она на што сме навикнати. Причината е едноставна: во истата за да се одреди кој со кого ќе игра, ќе мора да се вклучи и УЕФА компјутерот. Досега одлучувачки беше човечкиот фактор и топчињата во садовите, но од сега најголемиот дел од работата ќе и биде препуштен на технологијата.

Бидејќи конкуренцијата беше проширена од 32 на 36 екипи со новиот систем ќе бидат потребни 1.000 топчиња и точно 36 стаклени чинии за да се одреди кој со кого и кога ќе игра. Проценките се дека процесот би траел четири часа! На овој начин, користејќи го компјутерот, извлекувањето ќе трае како и досега, меѓу половина час и 35 минути.

Софтверот кој првпат ќе се користи за ждрепката е производ на британската ИТ компанија „AE Live“. Ќе биде поддржан од два резервни софтверски системи, а ревизијата на ждрепката е доверена на сметководствената фирма „Ернст и Јанг“. При ждрепката ќе се користи таканаречениот „швајцарски модел“, карактеристичен за шахот и крикетот.

Човечкиот фактор сè уште останува на сила, но само при извлекувањето на едно топче од садовите, а потоа ќе му ја препушти работата на компјутерот кој ќе ги одреди неговите противници.

Важно е да се напомене дека софтверот ќе оневозможи да се сретнат тимови од иста земја (како што беше претходно), но новост е дека еден тим може да игра против (најмногу) два претставници на иста земја. На пример, Реал Мадрид не би можел против Барселона, Атлетико или Џирона, но теоретски би можел против Манчестер Сити и Ливерпул.

Како што истакнуваат од УЕФА, токму тоа е една од предностите на новиот систем. Подиректни дуели на „тешкашите“. Наместо 125, оваа сезона ќе видиме дури 189 натпревари до крајот на сезоната во ЛШ.

Сите 36 екипи формираат една табела. Осумте првопласирани екипи автоматски ќе се пласираат во осминафиналето, а екипите од деветтото до 24-тото место ќе играат во бараж за да им се приклучат. Кој ќе заврши од 25. до 36. ќе биде елиминиран од меѓународната сцена, без можност да се пресели во Лигата на Европа, како што беше случај досега.

ПретходноАгрон Руфати ќе игра за Динамо Сити од Тирана
СледноМилевски со список од 26 фудбалери за првите два меча од Лигата на нации