Роналдо ја доби наградата за најдобар стрелец во ЛШ

967

На церемонијата за одредување на групите на Лигата на шампионите, УЕФА му додели на Кристијано Роналдо специјална награда за придонес во елитното клупско европско натпреварување.
Роналдо е играч со најмногу голови во Лигата на шампионите и апсолутна легенда на ова натпреварување иако веќе не игра во Европа. Првиот човек на УЕФА Александар Чеферин му ја врачи наградата.
Роналдо е најдобар стрелец во историјата на ЛШ со 140 голови, седум сезони завршуваше како најдобар стрелец на ова натпреварување, а во сезоната 2013/14 постигна 17 голови што е најдобар ефект во една сезона. Пет пати го освои трофејот, еднаш со Манчестер Јунајтед и пет пати со Реал од Мадрид.

ПретходноМу се може: Нејмар за секој одигран меч си ќарил од Ал Хилал по 30 милиони евра!
СледноХакиран профилот на Мбапе, па фрчеа навреди кон Меси! (ФОТО)