Сампдорија му врачи отказ на Андреа Пирло по 14 месеци на кормилото. Поранешниот освојувач на европската титула со Италија имаше лош старт во Серија Б. Неговиот тим освои еден бод од воведните три меча.
Сампдорија беше трет клуб на Пирло по авантурите на клупите во Јувентус и Фатих Карагумрук во турската Супер лига.
Сампдорија најверојатно ќе го назначи Андреа Сотил како тренер на тимот.