Пеп Гвардиола досега покажуваше дека е голем тренер, еден од најдобрите во историјата, но се еден потег покажа дека е и голем човек.
Тој направи нешто што досега тренерите ретко или никогаш не го прават.
Имено менаџерот на Манчестер Сити од свој џеб им исплати 600.000 евра на вработените во клубот.
Тука се мисли на рецепционерите, готвачите, конобарите, физиотерапевтите, луѓето кои се вработени во обезбедувањето на кампот на Сити и стадионот.
И на соте поединечни тој им исплатил премија од по 10.000 фунти (11.900 евра) или вкупно 600.000 евра. Некој ќе каже па лесно му е нему ако се знае дела годишно до Сити зема 25 милиони евра, но и тие 600.000 евра не се малку. Не е важна сумата туку гестот и затоа секоја чест за Пеп.
Со ова тој сака да каже дека и тие се заслужни за освојување на пехарот во Премиер-лигата во минатата сезона.