Фараните го објавија составот за Македонија, во списокот и Едмундсон од Шкупи

300

Селекторот на фудбалската репрезентација на Фарските Острови, Хакан Ериксон, го објави списокот од 21 играч на кои ќе смета за првите два меча од новото издание на Лигата на нации на УЕФА против Македонија и Летонија.

Фараните на 7 септември ја пречекуваат нашата репрезентација на отвораањето на новата сезона во ова УЕФА натпреварување. Селекторот на Ф. Острови, Ериксон најавил дека на овој список од 21 играч ќе му бидат придодадени уште тројца репрезентативци во текот на оваа недела.

Исто така, треба да се напомене дека на списокот на репрезентативци се наоѓа и фудбалерот на Шкупи, Јоан Симун Едмундсон.

ПретходноАл Ахли ја зголеми понудата за Осимен
СледноУС Опен: Ѓере го намачи Ѓоковиќ, но мораше да се предаде поради повреда