Хакиран профилот на Мбапе, па фрчеа навреди кон Меси! (ФОТО)

1895

Профилот на социјалната мрежа „Х“ на Килијан Мбапе деновиве бил цел на хакерски напади. Ова го пренесуваат медиумите од Островот, и како што велат затоа се случило да има необични и чудни објави и коментари.

Имено на тој хакиран профил на напаѓачот на Реал Мадрид и репрезентацијата на Франција, фрчеле навреди кон Лео Меси а пофалби за Кристијано Роналдо.

Навредливите содржини потоа биле избришани.

Инаку ова не е првпат личните профили на социјалните мрежина мега – ѕвездата на Реал Мадрид да бидат хакирани, нешто слично се случи и во 2019 година.

Image

Image

Image

Image

ПретходноРоналдо ја доби наградата за најдобар стрелец во ЛШ
СледноМиовски против Ливерпул, ПСЖ, Арсенал, а Ристовски и Адеми на мегдан со Баерн, Дортмунд, Милан…