Челзи во два дена се „ослободи“ од двајца голмани

687

Англискиот премиерлигаш Челзи во два дена ќе се ослободи од двајца свои непотребни голмани. Утрово беше потврдено дека позајмицата на Шпанецот Кепа Аризабалага во екипата на Бурнмаут е веќе готова работа, а на пат да замине од Лондон е и Ѓорѓе Петровиќ, кој минатата сезона имаше и солидна минутажа на голот на „сините“.

Кепа Аризабалага му се приклучи на Бурнмаут на позајмица, која за него ќе биде втора во две години. Минатата сезона ја помина како позајмен во Реал (М) каде настапи на 14 меча.

Петровиќ, пак, е многу блиску до преселба во француски Стразбур. Двата клуба доцна синоќа одржаа завршни разговори каде бил постигнат договорот. Фабрицио Романо пишува дека Петровиќ ги прифатил новите услови во сопствените разговори со лондончани, но засега не е прецизирано која е конкретната промена. Тој ќе се пресели во француски Стразбур на едногодишна позајмица откако ќе ги помине медицинските прегледи, што најверојатно ќе се случат денеска.

ПретходноМеси се врати на тренинзи, но до првиот настап ќе помине уште еден месец
СледноСудии за ПМФЛ: Грујоски “главен“ во Гостивар, Трпчевски ќе му суди на Вардар