Агрон Руфати ќе игра за Динамо Сити од Тирана

255

Откако ја заврши соработката со екипата на Брера Струмица, Агрон Руфати заминива во шампионатот на Албанија. 25-годишниот поранешен младински репрезентативец на Македонија се договорил со екипата на Динамо Сити.

Дефанзивецот ќе се обиде да ја врати посакуваната форма со настапите за составот од Тирана, кој во првите две кола од новата сезона претрпе два порази.

Руфати најголемиот дел од својата кариера го помина во Хрватска, а настапуваше и во Романија и Украина.

ПретходноОдредени двојките за 3. коло на англискиот Лига Куп: Ливерпул против Вест Хем
СледноПодготвени за револуција: Македонија со четири претставници ја чека компјутерската ждрепката за ЛШ