Освојувачот на Купот на Македонија, Алкалоид го комплетираше подготвителниот период со победа над Дубочица од Лесковац од 40-34. Во спортскиот центар „Дубочица“ избраниците на Кире Лазаров имаа контрола на натпреварот, на полувреме водеа со 17-13, а во ист, жесток ритам одиграа и во второто полувреме.
Серафимов и Ѓорѓиев постигнаа по седум голови, Митев пет, Џонов четири…