Екипата на Арсенал тргна во обид да доведе ново име на голманската позиција. Според медиумите, „топчиите“ сакаат да го ангажираат Жоан Гарсија од Еспањол.
Англискиот клуб доставил понуда за 23-годишниот голман, кој треба да го замени Рамсдејл кој ќе замине во екипата на Саутемптон. Арсенал е подготвен да му плати на Еспањол околу 20 милиони евра плус бонуси.
Шпанците не се согласуваат со понудата и бараат да се активира откупната клаузула од 30 милиони евра. Голманот веќе претходно ги договори условите на личниот договор со Арсенал.