Барди и Трабзон елиминирани на пенали, Чурлинов и Јагиелонија немоќни во Амстердам

906

Трабзон и Енис Барди се елиминирани од Европа откако вечерва загубија од Ст.Гален од Швајцарија. Првиот меч заврши 0:0, а вечерва во Турција беше 1:1. Победникот се решаваше во пенал рулетот, а таму гостите ги погодија сите пенали, а за домашните промаши Савиќ во петтата серија. Барди го одигра првото полувреме, па беше заменет.

Дарко Чурлинов играше до 67 минута за Јагиелонија во поразот на гостувањето кај Ајакс од 3:0. Амстердамскиот тим победи на првиот меч со 4:1, сега беше 3:0 со голови на Фиц-Џим, Тејлор и Броби.

Олимпија Љубљана ја демолира Ријека со 5:0 и со вкупно 6:1 помина во групната фаза на Лигата на конференции. Вицешампионот на Хрватска на „Стожице“ го запиша највисокиот пораз во историјата.
Двоен стрелец за Олимпија беше Талисон, а по еден гол постигнаа Флоруш, Којиќ и Педро Лукас. Во второто полувреме имаше прекин поради нереди на навивачката група на Ријека. Тие фрлаа запалени факели на теренот и кон домашните навивачи поради што мораше да интервенира публиката и да ја испразни трибината.

Егзон Бејтулаи го одигра цел меч за Дрита поразот од Легија Варшава (0:1). Првиот меч го добија Полјаците со 2:0 што значи дека Дрита ги заврши настапите во Европа. Блертон Шеји остана на клупата на Дрита.

Абдулрахими го играше второто полувреме за Зрињски во убедливиот пораз на домашен терен од Виторија Гимараеш 0:4. Тимот од БиХ ги заврши настапите во Европа.

ПретходноСампдорија го отпушти Пирло
СледноЈабуселе го напушти Реал Мадрид