Еден од најдобрите кошаркари од овие простори во историјата, Предраг Стојаковиќ со големо признание од страна на ФИБА. Имено тој е примен во “Куќата на славните“ на ФИБА. Тој влегува заедно со прославениот Реџи Милер од САД како член на класата од 2024, од овие простори такво признание доби сега и Данира Накиќ (Хрватска).
Инаку Стојаковиќ својата кариера ја започна во Ц. Звезда, се прослави во ПАОК за да потоа се пресели во НБА каде важежше за еден од најдобрите шутери на “тројки“, посебен печат даде во времето кога играше во Сакраменто Кингс.
Со својата репрезентација (2001 и 2002), беше европски и светски првак.