Како изгледаат шеширите пред денешната ждрепка за новата сезона од Лигата на шампионите?

517

Со одигрувањето на синоќешните последни четири бараж мечеви во Лигата на шампионите, ги добивме и последните учесници во главната фаза на годинава новото и изменето натпреварување наречено – УЕФА Лига на шампиони. Спарта (Прага), Јанг Бојс, РБ Салцбург, Црвена Звезда, Динамо (З), Лил и Слован (Б) се екипите кои ја пополнија бројката од 36 состави кои денеска ќе се најдат во ждрепката од која ќе биде одредуван распоредот на натпревари во главната фаза која ќе содржи 8 кола.

Иако најпрестижното натпреварување на Стариот континент сезонава ќе има нов формат, тимовите повторно ќе бидат поделени во четири квалитативни шешири. Во најсилниот шешир според коефициентот на УЕФА се најдоа: Реал Мадрид, Манчестер Сити, Баерн (Минхен), Пари Сен Жермен, Ливерпул, Интер, Борусија (Дортмунд), РБ Лајцпиг, Барселона

Во вториот квалитативен шешир се најдоа: Баер (Леверкузен), Атлетико Мадрид, Аталанта, Јувентус, Бенфика, Арсенал, Бриж, Шахтјор (Д) и Милан.

Во третиот: Феенорд, Спортинг (Л), ПСВ Ајндховен, РБ Салцбург, Лил, Црвена Звезда, Јанг Бојс и Селтик, додека во последниот четврти шешир се сместени: Слован (Б), Спарта (П), Астон Вила, Болоња, Џирона, Штутгарт, Штурм и Брест.

Според новиот формат, ќе се одредуваат двојки за 8 кола, по кои се формира табела од која најдобрите осум во поредокот добиваат директна „виза“ за главниот дел од директните елиминации, додека екипите од 9-то до 24-тото место ќе играат дополнителни плеј-оф дуели.

Екипите кои ќе бидат под 25. место нема само да испаднат од Лигата на шампионите, туку нема да продолжат ниту во останатите УЕФА натпреварувања, како што беше досега.

ПретходноМакедонските кик-боксери јуниори ќе се борат за две злата на СП во Будимпешта
СледноОдредени двојките за 3. коло на англискиот Лига Куп: Ливерпул против Вест Хем